НЕМА КОМПЈУТЕР

1 Се обидувам да го разберам инцидентот на Талат Џафери со албанското знаменце во кабинетот на претседателот на Собранието.  Сфаќам дека веројатно станува збор за рефлекс. Да не заборавиме на фактот дека до вчера Талат се дружеше со ВМРО-ДПМНЕ. Па некако по инерција...

ТРАЈКО ДА ПЛАТИ

1 Кога Уставен суд одбива да се бави со својата работа, тоа сите нас нè чини пари. Значи – наши пари. Зборуваме конкретно. Не зборуваме за апстрактни поими како што се достоинство, интегритет, чест, чист образ, Устав, закон, правда, право, стручност, знаење,...