СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ
Младите брзаат да се вратат. Да му се радуваат на Ќосето. Оти надежта се чувствува насекаде
ГОСПОДИН ЧОВЕК
Во 2024 година треба да се вратиме 33 години. На првата лекција за основна пристојност.
ВИП ТРЕТМАН
Нема проблем. Барајте си непријатели. Ама, барем најдете ги. А не вака, јас да ви кажам, па вие мислете му ја.
ЧЕТВРТА РЕПУБЛИКА
Борбата трае, во празничен говор. Ама, во реалноста нашите млади ја продолжуваат борбата во држави кои им даваат шанса за подобар живот.
АПЧЕ ЗА АМНЕЗИЈА
Зошто ги објавуваме имињата на новите директори на клиниките, болниците и другите јавни здравствени установи? За да знаеме кај кого да фаќаме врски.
ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШ
Имавме специјална обвинителка што падна на чанти и тросед, а сега имаме Антикорупциска комисија што паѓа на поминување граница преку ред.
ТАШМАРУНИШТА ВО ВАШИНГТОН
Го болело стомак. Да не бевме во НАТО ќе го болеше глава и којзнае што сѐ ќе го болеше. Ако воопшто и постоеше државата.
ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ОСЛОБОДИТЕЛИТЕ
Најслатко е кога ќе обвиниш некој друг за твоите грешки. И притоа, спиеш на уво дека никој не се сеќава на нив.
ЕКСПЕРТИ ЗА ВОДА
Американците ќе го спасуваат Охридското Езеро. Нам не ни треба спас. Нам корупцијата не ни пречи
МАРШАЛОВ ФОНД
Ќе се формира Министерство за ненадлежност со вицепремиер што ќе го води телото за меѓуресорска координација на ненадлежности на сите министерства и државни и општински институции.
ЗА СРЕЌА, СМРДИ
Нека не ни продаваат басма дека граѓаните ги гласале затоа што сакаат да имаат повеќе министри.
ХАЛКИДИКИ И ТЕСАЛОНИКИ
Која држава? Северна, несеверна, барем Македонија ќе им ѕунеше во ушите.
Е ПА, АЈ ФИРОМ ДА ГО ВРАТИМЕ
Придавката „северна“ ти е проблем? Тогаш избери што ти е поважно: името, јазикот или нацијата?
О, ДУШО МОЈА
Истрошија и европска идеја и вредности со глупостите што ги повторуваат божем во име на ЕУ.
МУРТИ И КУРТИ
Фала ти, СДСМ, што за седум години успеа да нѐ доведеш до тоа дереџе ВМРО да ни зборува за горда Македонија.
ДОЗВОЛА ЗА КРАДЕЊЕ
Ние Охрид уште не можеме да го доупропастиме, никако од УНЕСКО да се спасиме, а сме запнале да ги чуваме спомените од „Златно славејче“.
БИТКА ЗА РЕФУС
Рингишпилот пак доаѓа сретсело. Порано се возбудувавме, сега не го есапиме.
ДОЈДЕ УТРЕ
Нека извинат тие на кои им треба итна помош. Не умирајте. Прво треба да гласате.
ПАЃА НОЌ, ПАЃА КРИТЕРИУМ
Штом ненормалното го прифаќаме како нормално, значи тоа и си го заслужуваме.
СЕНДВИЧ ЗА ПАСОШОТ
Многу би сакал да знам колкумина од македонските пратеници покрај обичниот и дипломатскиот пасош со себе си го носат и бугарскиот пасош.
НА ШТРЕК
Да веруваме дека пасошите што сме ги извадиле денес ќе ни важат до 2034, ама да бидеме спремни дека веќе утре нема да важат.
МАГАРЕШКА КЛУПА
Што уште може да се случи, кога партијата ти кажува дали и кога да земеш боледување
ДРЖАВЕН ПРИТВОР
Па и окупирани да бевме, било која туѓа власт да дојдеше, ќе ни издадеше лични документи.
ПРИЈАТЕН ЛЕТ
А за нас што останавме: „Извинете за доцнењето, ви благодариме што летавте со нас“.
ПРАВДА ЗА ЌОСЕТО
Само апашите не се уморија. Нè фатија на кондиција, на маратонот кон ЕУ. Ќе ни држат трибини како да се вратат младите дома. За што да се вратат? На Ќосето ли да му се радуваат? Среќна Нова 2014!
НОВОГОДИШНИ КРАСТАВИЦИ
Со кампањата од 350.000 евра „Европска иднина, поблиску од било кога“, Владата нè казнува оти сме биле глупави што сме останале тука и сме верувале дека ЕУ можело да си ја направиме дома.
КАФЕТО НА ОРБАН
Најстрашно е што наместо да направи саглам држава, власта нѐ доведе до дереџе иднината на државата да ни зависи од некоја промена на Устав за некоја замислена иднина во ЕУ.
НЕКАЗНИВОСТА ДОБИ ЛИК И ИМЕ
Неказнивоста не е апстрактен поим, ниту гола фраза. Неказнивоста е убиство на дете. Неказнивоста во Македонија доби лик и име. Се вика Вања. Ако можеме да продолжиме да живееме со тоа сознание без да ни пречи, тогаш нема оправање.
ИЗБРКАНИ ОД ДОМА
Дали згрешивме што останавме? И дали грешиме што им бараме чаре на децата, да си фатат џаде со време?
ГРЕЈАЧИ НА СЕДИШТА
Навистина е неверојатно како во оваа земја, што несопирливо ита кон ЕУ, на прогон се изложуваат тие што ќе укажат на корупција, а не корумпираните.
СОМОВИ И МЕЧКИ
Не сме ние евроскептици. Ние само не дозволуваме Владата да ни ја потценува интелигенцијата.
КАКО ДА НЕ БИЛО
Како да ја снема корупцијата, кога никому од нас, што го даваме нашиот глас на избори, таа не ни пречи?
ПОДОБРОТО ЗЛО
Ова веќе не може ни да се пародира, а камоли сериозно политички да се анализира.
ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
Болните без лекови, учениците без учебници, политичарите без образ, граѓаните без интегритет, државата без правда., природата без општество... Среќен ти празник, Македонијо. Многу те сакам. Ама, ти ме заморуваш веќе.
ВИЦОТЕКА
Најсомнително е кога премиерот ќе ја брани тендерската постапката со аргументи што ја навредуваат интелигенцијата.
ГАРАНТЕН ЛИСТ
Значи, ние ќе го смениме Уставот, а вие да гарантирате дека ќе нема ново вето од Бугарија. Само тоа го бараме од ЕУ. И да завршиме веќе со таа приказна.
РОМАНТИЧНА ПОЕЗИЈА
Има алтернатива што нема кој да ја понуди - алтернативата е чесно владеење.
БРЗА ПЉАЧКА
Можат ли кафеаните што малтретираат цели населби со гласна музика до сабајле на момент да си помислат дека некој комшија хирург што тие го оставиле ненаспан цела ноќ утре ќе треба да им оперира некој близок?
ОД ВАС ЗАВИСИ
Ние ќе го промениме Уставот, кога не сме го промениле. Ама, ЕУ ќе ја промени ли Бугарија?
АСТЕРИКС И ОБЕЛИКС
Штом министри посредувале колку треба слупчанци да плаќаат за струја , тогаш Владата треба јавно да го објави договорот.
СУДСКИ ГЛАМУР
На американската амбасадорка најинтересно ќе ѝ биде да следи како корумпираните институции ќе го гонат оној што ги корумпирал.
БАЛАНСЕР ЗА ТОЈОТА
Најмал проблем е што Мерко е ставен на црната листа на САД. Поголем проблем е сите ние сме на црна листа во сопствената држава.
БУГАРСКИ ГЛУПОСТИ
Германија прави пријателски гест на поддршка за Македонија, во истата таа Европска унија каде што Македонија има еден непријател, и тоа првиот комшија.
СЛУПЧАНСКИ ФРОНТ
Следен чекор ќе биде да почнеме да се лекуваме по партиска линија. Партиски неопределените нека извинат.
ЗОРТ, А?
Ем одеднаш на ЕУ ѝ станавме интересни. Ем ни викаат дека сме им потребни. Ем пак не ни кажуваат кога ќе нè примат. Ниту пак дали воопшто ќе нè примат.
МАТУРСКО ТАБЛО
Не само што си ги дигнаа платите, туку и не знаат колкави им се. Кој вработен човек не знае колкава му е платата?
НЕШТО МАТАТ
Безбедноста ли ќе се наруши ако се разбере колкава ќе биде провизијата. И кој ќе ја земе?
ОД ЌОСЕТО – ДО ЌОСЕТО
Зошто само да се радуваме? Треба и да им аплаудираме. Оти, кај што нè крадат уште и ни се смеат в лице.
ПАЛАЧИНКИ ПО ПРОТОКОЛ
Ова не е само крадење со корупција. Ова е масовен грабеж на даночните обврзници.
СМРДЛИВ ЗАЛАК
Може ли пратениците да ги изгласаат измените на Уставот, ама измените да важат од денот кога Бугарија ќе го признае правото на Мaкедонците на самоопределување?
КОЈ ДОАЃА?
Ми е гајле кој доаѓа. Вистинската гатанка е: Кој ќе ја земе најголемата провизија од зделката со автопатите?
ЕВРОРЕАЛИСТИ И ЕВРООПОРТУНИСТИ
Ја грабнаа приказната за евроинтеграцијата за да грабнат поголеми провизии.
СЕМЕЈНА ДРАМА
Уште и за борба против непотизмот да почнат да рецитираат, ќе си помислиш, не дај боже - овие решиле да нè умрат. Од смеење.
МОЖЕ И ПООЧАЈНО
Ветуваа дека ќе ја донесат ЕУ дома. Не успеаја, па сега ја користат ЕУ како оружје за пресметка.
КОМЕДИЈА НА ГРЕШКИ
Чуму толку нервоза кај властите при толку многу достигнувања на патот кон ЕУ?
АЛО, СОФИЈА
И десет пати да го смениме Уставот и сите Бугари по име и презиме да ги наредиме во Преамбулата, Бугарија нема да престане да го кочи нашиот напредок кон ЕУ.
ЛУЃЕ И КУЧИЊА
Европски пари за вдомување и благодат на македонските кучиња, македонски пари за вдомување и благодат на партиските миленичиња.
БУЛДОЖЕР ЗА „ИНСИЕМЕ“
Дали крадат во име на македонштината или во име на ЕУ интеграциите, исто ни се фаќа
ДИВА СВИЊА
Во оваа држава се казнети само даночните обврзници што редовно си ги плаќаат даноците и казните
НИЧИИ ДЕЦА
Кого да го викнеме да го менува системот за кој премиерот сфатил дека не чини? Новата американска амбасадорка ли?
СЛИКАЊЕ ЗА ФЕЈСБУК
Партизаните во гроб ни се превртуват со толкава брзина што можеме струја да произведуваме.
Page 2 of 18