КОЈ ДА ГИ ЗЕМЕ ПАРИТЕ
Тој што го избира обвинителот, тој му кажува што да работи. Од кога па тоа е чудно?
ПОНТИЈ ПИЛАТ
Се собраа пари во буџетот оти и донациите што ги дававме за Кочани ги оданочија, ама пари за инспектори – нема.
КУЌЕН ПРИТВОР ЗА СИСТЕМОТ
Осомничена е и Довербата, ама таа е недостапна на органите на прогонот затоа што се дала во бегство
ДОСТОИНСТВЕНО ПРОТИВ ГОВЕДАТА
Не радувајте се премногу за ЕУ, веќе идната недела ќе имаме нов муабет за забава.
БУНДА ОД ХЕРМЕЛИН
Па госпоѓо, штом е здравје во прашање, купи си ја таа бунда, нек’ иде живот.
ПЛАШЕТЕ СЕ ОД НАС
Што не се сликаат кога го распродаваат државното земјиште за маркички со кои од индивидуални куќи направија цели станбени блокови? Или кога ги легализираат дивоградбите?
ТОНИ САЛИ
Ќе ја намалеле платата на функционерите до крај на мандатот. А зошто не ја намалат сега? На крај на мандатот ќе имаат ли поголемо мнозинство во Собранието отколку што имаат сега?
КОМИТСКИ МУАБЕТИ
Како македонската Влада ќе им помогне на Македонците во Бугарија? На штета на Македонците во Македонија.
ГРЕНЛАНД И ПРЖИНО
Очајно е дека ние дискутираме за цивилизациски придобивки кои светот кон кој сакаме да одиме ги има решено уште пред најмалку триесет години. А 26-та година тераме од 21. век.
КРАСТАВИЦИ И БАНАНИ
Сезоната на враќање на иселениците дома ја проби шимпанзото Коко уште во 2019, кога во Холандија се излечи од длабока депресија од животот во Скопје.
САМО ИЛУЗИЈА
Сега од темата мигранти ќе се пренесеме на темата како да се најде оправдание да се замолчи опозицијата.
УБАВИ РАБОТИ
Не сакам да кобам, меѓутоа, огромен е списокот на сѐ што ни е Кочани во најава.
ГРАШОК ОД КОНЗЕРВА
Супер е ова со камерите за снимање сообраќајни прекршоци. Уште само да се обезбеди кога треба да се казни некој „наш“, да не се расипуваат. Тоа е од животна важност. И фактички. И фигуративно.
ПЛАНСКО КРАДЕЊЕ
Ако може линеарно покачување на пензиите, зошто да не може линеарно враќање на ДДВ?
ЦЕЛА ДА Е
Македонците во Бугарија се граѓани на ЕУ. Македонците во Грција се граѓани на ЕУ. И потомците на децата бегалци од Грција што се родени во источноевропските земји што се сега во ЕУ се граѓани на ЕУ. Македонците во Македонија што се пишале Бугари за да добијат бугарски пасош се граѓани на ЕУ. Повеќето од нив живеат во ЕУ. Само Македонците со македонски пасош не се граѓани на ЕУ.
НЕ Е КРАЈ НА СВЕТОТ
Ај да ја прашаме јавноста дали да го укинеме судството, па да имаме само партиски суд.
ИСТОРИСКИ ЛАГИ
Супер изгледа оваа парада со ротационите светла на ѓубрарките низ главниот град. Ама тие не се доволно јаки за да ни го осветлат патот кон ЕУ.
ГЛУВЦИ И ЛУЃЕ
За четири години отсега, од среден век ќе стасаме во времето на Александар Велики. Кога луѓето немале свест за опасноста од заразни болести.
ЧАКМАК И СТИЛО
Да не ги завршија проектите што ни ги ветуваа пред четири години, па сега ни ветуваат нови?
ДВЕ МАДИЊА И ЕДНО ГРАТИС
Се плашам дека и за трагедијата во Кочани ќе избледне сеќавањето, како што брзо се заборави атентатот врз претседателот Глигоров пред триесет години. Особено што шест месеци не видовме ниту една системска промена што ќе спречи нова катастрофа.
82 ПРОЕКТИ ЗА 72 ЧАСА
Ех, кога ќе ми текне дека досега веќе требаше да се возиме беспари во новите 200 еколошки автобуси, а ние се радуваме кога ќе ни дојде ѓубрарката и трчаме по неа да ја фатиме.
ХИБРИДНО ЗБОРЛЕ
Ние сме под хибриден напад од корумпиран систем на неспособни политичари веќе 34 години.
ОТРУЕНИ, АМА НАСМЕАНИ
Ако гласачите не бараат чист воздух, зошто тогаш партиите би им го нуделе?
МАЛОТО УВО
И „Вардариште“ покажа дека државата не е тука кога ти треба. Ни во редовни, ни во вонредни услови. А ти редовно ја плаќаш.
САЕМ ЗА КАПАР
Не правиме муабет дали живееме во град или село. Ние се чудиме дали живееме во овој век.
БАБА РОГА
Е толку ни паднаа критериумите. Да сме среќни ако во главниот град секој ден ни го собираат ѓубрето од контејнерите.
СПОМЕНИК НА ГЛУПОСТА
Тоа што иселените ги држи надвор е истото што и нас би нѐ избркало од дома
АРХИВАРКА НА ПЛАЖА
Нормален човек не може да постигне да се занимава со сите нивни глупости. Некој треба и да работи. Да им обезбеди плата. За тие да продолжат да се занимаваат со глупости.
ЗА ТЕБЕ
Богата е оваа земја. Има во Македонија уште многу за крадење и без да влезе во ЕУ.
БУГАРСКА ВОДЕНИЦА
Најдоброто допрва доаѓа. Ќе има и вода. А и видео како тече вода од славините.
БРАВО, ПЕТКА
Во тек е уништувањето на Охридското крајбрежје, ама не можеме да стигнеме, дајте ни уште малку време да го доуништиме.
ДУШО МОЈА
Ќе си јадеме пиперки, ќе се гушиме во корупција и ѓубре и ќе чекаме да умреме во некоја трагедија како кочанската. Ако претходно не нѐ прегази некој на пешачка патека среде парк
ОП, ОП, ОП, БРАВО
Во најдобар интерес на граѓаните ќе биде контролорите на летање да работат кога се возиме ние, обичните смртници, а кога ќе лета владиното авионче и кога владините делегации ќе изнајмуваат чартери, во Контролната кула да седнат советниците на директорите и мајсторите за клима
КОЧАНИ ЗАД АГОЛОТ
Скопјани еднаш плаќаат за да им го соберат ѓубрето. Втор пат ќе платат затоа што не им го собираат ѓубрето
ИСТОРИСКИ ДЕН
Во земја во која граѓаните имаат слабо памтење, нормално е секој нов ден да е историски.
ДАНЕЛА И ВИСАР ШОУ
Како бе, одма ви текнува да се сомневате во корупција ако модно студио од само двајца вработени ќе шие полициски униформи за 2 милиони евра, а не ви текнува дека нашите полицајци ќе бидат згодни како манекени?
МАТЕМАТИКА И ЕМОЦИИ
Ако во првиот чин Мицкоски зборуваше за „стратешко партнерство со една моќна европска држава“, во вториот чин најавуваше „убава вест за Македонија“, до третиот чин ќе мора да ја каже и каматната стапка по која ќе го земеме кредитот.
МАКЕДОНИЈА 2008
Како што се враќаме од 2025 во 2008, нам ни преостанува да копаме гробови и да го бараме Александар.
СКЕНЕР И ХЕФТАЛКА
Од што се исплашија пратениците на власта? Се плашеа ли дека ќе бидат исвиркани од семејствата на загинатите во Кочани? Па што ако? Тоа е гласот на народот што ги бира на избори.
ТАЈНИТЕ НА ТАТЈАНА
Државата не контролирала една шупа во Кочани што работела како дискотека оти сите потпишувале дека работи по стандарди и е безбедна, па изгореа 62 млади луѓе, а ваму ќе контролира бизниси со културното наследство.
ДРЖАВНО УБИСТВО
Дали власта со тоа што ти оневозможува да се лекуваш во државните капацитети на јавното здравство, им овозможува богатење на приватните болници?
ВО ПЕРИМЕТАРОТ
Еднаш еден државен директор ми рече „Лесно е да критикуваш. Победи на избори, па и тебе ќе ти чуваат маса во кафеана“. Да бидем искрен, ме остави без зборови.
АЛАРМ ЗА БУДЕЊЕ
Колку што власта сега има шанса што не смее да ја пропушти ако искрено сака ресетирање на коруптивниот систем, уште повеќе таа шанса не смееме да ја пропуштиме ние – граѓаните. Кога нема силно граѓанство, нема ни силни институции.
ДОСТА Е!
Во моментов, Владата има „карт бланш“ ако вистински сака да направи промена. И има шанса одеднаш да ги доведе работите во ред без да им се правда на криминалците зошто го прави тоа.
ПЛАН ЗА ЕВАКУАЦИЈА
Кога ќе застанеме пред Споменикот на корупцијата, секој од нас ќе може да си се праша: Што очекувам од себеси јас како како граѓанин во оваа држава? Дали очекувам да живеам или да преживувам?
ЖЕЛЕН ЗА ПРАВДА
Да му покажела државата сила на Палчо уште во 1990-тите години кога ја изгради првата дивоградба во скопско Дебар Маало, сигурно тинејџерката Вања од Скопје и колатералната жртва Панче од Велес сега ќе беа живи
СТАРОТО НОРМАЛНО
Опиени од „новото нормално“ да не се разбудиме некој ден мамурни со „Чул ли некој за Северна Македонија?“
АЛИСА И МЕЧКИТЕ
Досега на странските капиталисти им се нудевме како евтина работна сила, а отсега како робови на технофеудалците.
ИГРАНКА СО ТРАМП
Најмалку 100 семејства не дочекале ни крај на школската година за да се иселат. Толку им се брзало да ја напуштат оваа убавина.
МЕЧКА НА ПАТОТ
Страшно е дека младите си заминуваат. Ама, пострашно од заминувањето на младите е заминувањето на срамот.
ТУРИ МУ ПЕПЕЛ
Најљубезно да го затвориме прашањето за работата на ДКСК. За век и векови, амин.
ДОПРЕН ГЛАС
Па, овие тука не умеат сами ни ѓубрето да си го исчистат. И буквално. И фигуративно.
ЛЕЦ ГОУ ТУ ДИСКО
„Националната безбедност не заслужува да биде тема на јавноста“. Ма немој. А што заслужува да биде тема на јавноста?
КЛУБ АКАДЕМИЈА
Премиере, власт си, седни и напиши го писмото до ЕУ. И завери го во Собранието пред да го испратиш.
100 ДЕНА И 90 МИНУТИ
Не виткаме кичма и не полираме чевли на странците, ама бугарски пасоши земаме.
СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ
Младите брзаат да се вратат. Да му се радуваат на Ќосето. Оти надежта се чувствува насекаде
ГОСПОДИН ЧОВЕК
Во 2024 година треба да се вратиме 33 години. На првата лекција за основна пристојност.
ВИП ТРЕТМАН
Нема проблем. Барајте си непријатели. Ама, барем најдете ги. А не вака, јас да ви кажам, па вие мислете му ја.
ЧЕТВРТА РЕПУБЛИКА
Борбата трае, во празничен говор. Ама, во реалноста нашите млади ја продолжуваат борбата во држави кои им даваат шанса за подобар живот.
АПЧЕ ЗА АМНЕЗИЈА
Зошто ги објавуваме имињата на новите директори на клиниките, болниците и другите јавни здравствени установи? За да знаеме кај кого да фаќаме врски.
ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШ
Имавме специјална обвинителка што падна на чанти и тросед, а сега имаме Антикорупциска комисија што паѓа на поминување граница преку ред.
ТАШМАРУНИШТА ВО ВАШИНГТОН
Го болело стомак. Да не бевме во НАТО ќе го болеше глава и којзнае што сѐ ќе го болеше. Ако воопшто и постоеше државата.
ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ОСЛОБОДИТЕЛИТЕ
Најслатко е кога ќе обвиниш некој друг за твоите грешки. И притоа, спиеш на уво дека никој не се сеќава на нив.
ЕКСПЕРТИ ЗА ВОДА
Американците ќе го спасуваат Охридското Езеро. Нам не ни треба спас. Нам корупцијата не ни пречи
МАРШАЛОВ ФОНД
Ќе се формира Министерство за ненадлежност со вицепремиер што ќе го води телото за меѓуресорска координација на ненадлежности на сите министерства и државни и општински институции.
ЗА СРЕЌА, СМРДИ
Нека не ни продаваат басма дека граѓаните ги гласале затоа што сакаат да имаат повеќе министри.
ХАЛКИДИКИ И ТЕСАЛОНИКИ
Која држава? Северна, несеверна, барем Македонија ќе им ѕунеше во ушите.
Е ПА, АЈ ФИРОМ ДА ГО ВРАТИМЕ
Придавката „северна“ ти е проблем? Тогаш избери што ти е поважно: името, јазикот или нацијата?
Page 1 of 18