НАГАЗНА МИНА
Си го губиме времето со Бугарија. А од нив можеме да научиме само како да украдеме милијарда евра од пристапните фондови на ЕУ.
ПРАЗНО ГРНЕ
Со што да ја уценуваме власта ние од приватните фирми ако не ни се покачат платите.
ЕМИЛИЈА И МАРТА
Не знаеш кој е поненормален. Дали Бугарите што бараат од Македонците да им докажат дека постојат, или Македонците што влегуваат во процес на докажување дека постојат.
БЛОКИРАНИ УМОВИ
Како запнал Мицкоски за предвремени избори, чиниш Груевски веќе купил карта за враќање од азилот во Будимпешта.
ШКАРТ БРАКЧИЊА
Која приватна компанија може да издржи производство на 20.000 шкарт производи?
НЕМОЈ, БРАТЕ
Следниот услов ќе биде – ај не претерувајте со антифашизмот ако сакате да влезете во ЕУ.
ВРАТИ ГО ЗЕЈТИНОТ
Тоа е државата. Една голема дивоградба без лиценца. И најстрашно е што тоа никому не му пречи. А и да ни пречи, кому да се жалиш, кога не им пречи ни на тие на кои им плаќаме да им пречи.
ТИНУ-НИНУ
Ех, кога би можеле вработените во приватните фирми да организираат еден контраштрајк и барем еден месец да не ги плаќаат придонесите за платите на државната администрација. Ама државата не се секира за даночните обврзници, со нив не преговара и не ги тинтра.
ОТВОРИ ВРАТА
Малку мака си имаме што за нам да ни одобрат европска иднина треба да решиме чиј е цар Самоил, па сега уште да се секираме и за европската иднина на Европејците, да не ги подели Русија.
КОМПЛЕКСНА ДИЈАГНОЗА
Ние сме одлучиле. Прашање е дали ЕУ одлучила Македонија да влезе во ЕУ. Или ќе нè остави на Русија?
СИТЕ СМЕ ФИКУСИ
Кога Владата ќе рече дека јавната администрација треба да штеди, станува појасно колку расипнички троши.
РУСКА ЧИЗМА
Путин ги казнува Украинците дека не се Руси. Радев ги казнува Македонците дека не се Бугари. А ЕУ? ЕУ е „длабоко загрижена“.
РАДИКАЛЕН МЕНАЏМЕНТ
Невиното мавтање на бугарскиот европратеник Џамбаски не е нацистички поздрав. Тоа е административен поздрав. Така мавтале администраторите на Македонија од 1941 до 1943 година.
СТАРА НАДЕЖ
Ако не почнеме да преговараме за време на српското претседателство со ЕУ, тогаш сигурно првата меѓувладина конференција ќе биде за време на црногорското претседателство
РОМАНТИЧНО ДЕРЕЏЕ
Не се мамиме веќе ние на сигнали од Бугарија. Само еден е добриот сигнал – нека го симне ветото за Македонија.
ЛЕПЧЕ И ПАРИЧКА
Земја-членка на НАТО се доведе во ситуација не само политичката, туку енергетската, а со тоа и економската стабилност да ѝ зависи од фирма во чиј надзорен одбор седат руски бизнисмени
ПАНДЕВ И ЕЛМАС – НОВОГОДИШНА
Најголем предизвик во 2022 ќе биде како со љубезност и домашно воспитание да ја победиме омразата
ЕУ БЕЗ ТЕБЕ
Mоже „ЕУ со тебе“, ама не како Македонци со македонски јазик и не како антифашисти во Втората светска војна.
БУГАРСКА ОФАНЗИВА
Во случајот со бугарското вето навистина не знам какви вредности брани ЕУ со консензусот.
ПРЕСПИЈ И ЗАБОРАВИ
Животот ни е парализиран во процепот помеѓу две мнозинства и две несреќи.
НАРОДЕ – ШТИКЛА!
Што е важно ако Охрид нема педијатри, кога новиот градоначалник вети дека ќе ги врати шанковите на плажите што го загадуваа Езерото. Важно е да се гради.
РЕЗЕРВНА ТАТКОВИНА
Како гласач, многу сакам да знам дали таа или тој што бараат моја поддршка за да носат одлуки во мое име, покрај мојата татковина имаат и друга. Кога си функционер, и прашањето колку пасоши имаш дома станува јавен интерес.
КАЖИ ФАЛА
Ти на граѓаните им го одземаш квалитетот на живот, а граѓаните ти ги одземаат гласовите.
ВЕТЕР И МАГЛА
Дојдовме до дереџе лекарите да дебатираат за бекатон плочки, а тие што ги редат плочките да мудруваат за вакцини и брисеви.
НЕПРИЈАТЕЛСКА БУГАРИЈА
И што можеме да заклучиме по бесцелниот Самит на ЕУ во Словенија? Дека Бугарија ни е непријател, а на Европската унија баш ѝ е гајле за тоа.
ДИВЈАЦИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН
Партиите, и од власта и од опозицијата, протоколите за заштита од ковид не ги почитуваат на митинзите, а ние треба да им веруваме дека ќе ги исполнат сите ветувања што така штедро ги вадат од ракав.
БАНАЛНА БУГАРИЈА
Како што тргнал Заев повеќе да води сметка за чувствата на Бугарите, отколку за нашите чувства, ќе излезе дека тие не дошле тука да нè окупираат, туку да нè ослободат од нашите симпатизери на фашистите.
ЧУРУК НАРОД
Концептот на владината кампања за борба против корупцијата е: народот е корумпиран, агресивно нуди поткуп, а чесната власт одвај се брани.
КРАЈ НЕМА
Филипче нека ѝ се заблагодари на политиката што од „Слушај го Венко“ дојде до дереџе на „Оставка за Венко“
МАКЕДОНИЈА ЕКСПРЕС
Ако Грција можеше среде четврти бран од пандемијата да пушти на неплатен одмор илјадници лекари и сестри што не се вакцинирани, зошто кај нас воопшто да се толерираат невакцинирани попишувачи?
СИСТЕМ ПУСУЛЧЕ
Како е можно пратениците од парламентарното мнозинство да си заминат на одмор и баш да им е гајле што 40.000 луѓе останаа без лични карти?
30 ПРОЦЕНТИ
Закони имаме, за документи ќе почекаме нов тендер, а ред не можеме да воспоставиме.
БОЈАН МИ ТЕКНА
Не се плаши СДСМ толку од ВМРО-ДПМНЕ колку што се исплаши од граѓанките и граѓаните што му помогнаа да дојде на власт
СААТОТ НА МЕКШЕЈН
Грција го бараше името, Бугарија го бара јазикот и идентитетот, а на Албанија што ќе ѝ остане за барање кога ќе влезе во ЕУ?
МАНГУПИ И ШИЗИЦИ
Наместо да ги тргнат мангупите што ѝ пречат на државата, државата ќе го тргне зеленилото што им пречи на мангупите.
ВИКАЈ ПОЛИЦИЈА
Глупаво е секое сабајле штом се разбудиме да гледаме што кажала Софија и како тоа го искоментирале во Вашингтон и Брисел, а да не гледаме што ни се случува во Скопје.
БРАТСКИ МЕХАНИЗАМ
Сè можев да очекувам на нашиот пат кон ЕУ, ама никогаш не помислив дека Европската унија самата ќе ја загрози безбедноста на цел регион, па и својата безбедност, само поради национализмот на една своја земја-членка.
ТРЕБЕЊЕ ВОШКИ
Ако вие не си ги ставите корумпираните на вашата црна листа, тогаш ние ќе ги ставиме на нашата
ШПРИЦЕР ПО ПРОТОКОЛ
Македонецот повторно пред историиски крстопат. Дали да стане Бугарин и да ризикува да го стават на американската црна листа, или да си чека трпеливо датум за почеток на преговори со ЕУ?
ЦИНИЧЕН ОПТИМИЗАМ
Цинично е да повторуваш по сто пати дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан е од суштинско значење на ЕУ, а на терен да ја блокираш таа интеграција.
ШПАЛИР ЗА ВАРХЕЈИ
Ќе стои ли Русија на страна и ќе чека Бугарија да го крене ветото за Македонија во ЕУ!? Затоа што за влез во ЕУ важен е цар Самоил.
БЕЉА ЗА МЕРАК
Следниот пат кога ќе дојдат во Собрание да ви ги кршат главите, ние ќе си гледаме романтични комедии на телевизија. Позабавно ќе ни биде.
ПРЕКУ СТОЈКО
И што дочекавме на патот за ЕУ? Русија да нè постети дека „пред 80 години, на 18 април 1941, Бугарија, тогашен сојузник на фашистичката Германија ја нападнала Македонија“
ТАКА Е ШЕФЕ
Знаевме ние дека пратениците се неспособни и послушници што не мислат со своја глава. Ама сега видовме и дека се немилосрдни и нечовечни.
СЛИКА ЗА ПАСОШ
Дали кога ги вработуваат по партиски заслуги во државни институции, им викаат дека некогаш треба да го вклучат и мозокот?
ПАНДЕВ И ЕЛМАС
Што сакаат да докажат со попишувањето на дијаспората? Да се фалат колку многу се иселиле поради нив?
ХВАЛА БУГАРИЈО
Македонците решија да ги вакцинира „балканскиот диктатор“ Вучиќ кога веќе „ЕУ демократот“ Борисов не ги признава ни за живи
СОФТВЕР ЗА АРАЧИНОВО
Ве молиме, најевтиното и најквалитетното оружје да ни го доставите во најбрз можен рок
ЧАО, ЖУРИМ!
Да ми простите на српскиов, ама за инает на Захариева го пишувам. За да си има Бујар работа. Да ја теши, дека се нервира.
САГА ЗА ВАКСАЈНОВИ
Малку ни беше чекање датум за ЕУ, сега уште и Кинеска нова година ќе исчекаме
2+2=5
Дури и списоците во партиите за вработувања во државни институции се прават со поголема посветеност отколку што кај нас се правело планирањето за набавката на вакцините.
ЛУКСУЗИРАЊЕ СО ТУШИРАЊЕ
Колкава ќе биде казната за примерните и чесните, за да се компензира наградата што државата им ја дава на безобразните и нечесните.
ВОНРЕДНА КОЛУМНА
И така, на 12 јануари 1991 излезе „Сакам да кажам“. И следната сабота уште една. Па уште една, па уште една...
ЕУ ЗА СЕБЕ
Додека ги чекаме вакцините, ајде во 2021 да не го чекаме и датумот за преговори со ЕУ. Да се поштедиме себеси од лажни надежи и големи разочарувања
ТЕГНЕЊЕ Д’ВКИ*
Немаме капацитет за нова европска перспектива. Преполни сме со европски перспективи.
ТАЗИ ЕУ
Доста веќе со лигавење и подвиен опаш. Официјалната политика на Република Бугарија ја загрозува иднината на нашите деца.
БУУУУУ-ГАРИЈА
Да се знае дека за нашиот успех на Бугарија ништо не ѝ должиме. Оти во моментот кога имале шанса, не само што не помогнале, туку направиле сѐ да не успееме.
90. МИНУТА
Истече рокот на ултиматумот кој ни го даде Бугарија да станеме Бугари. Како сакаат да ги сакаме кога на две генерации Македонци им ја уништуваат иднината?
ЕВРОПО ДОВИЖДАНЕ
Нека извинат тие што не се чувствуваат Бугари. Тие не заслужуваат да влезат во ЕУ.
ФАШИСТИЧКА АДМИНИСТРАЦИЈА
Ќе биде срамно од ЕУ ако ѝ дозволи на Бугарија во име на историјата од која се срами, да ја уништува иднината на Македонија. Ќе биде срамно, затоа што ова што Бугарија ѝ го прави на Македонија е навреда за антифашистичката борба во цел свет
СТАНИ ГОЦЕ
Не знам што гледа Заев „братски и пријателски“ во потезите на Бугарија и каде препознава заеднички европски вредности. А не знам ни каде Европа препознава европски вредности во ова однесување на нејзина земја-членка.
МИЛЕ КОНТРА
Лебот што го носат дома им е производ на злоба. Децата си ги хранат со пари од злоба направени.
НАШ ЛИ Е?
Додека тука полемизираме со Филипче што ќе правиме со посните слави и мрсните гости, во Брисел забележале дека уште не врти бројчаникот на Заев
СПЕЦИЈАЛНО ПРЕВОСПИТУВАЊЕ
Какво ли е тоа превоспитување што Бугарија сака да го примени врз Македонија кое ќе биде поефикасно од превоспитувањето што го правеше со изим на Хитлер, а што сега ќе го прави со изим на Европската унија?
БУГАРСКА ИДИЛА
Не сфаќам зошто Бугарите имаат потреба сега, откако се мачевме 30 години со Грците, да ни бидат поголеми душмани. Освен, ако не сакаат да одржат континуитет од Втората светска војна. Кога Бугарите ни беа поголеми душмани од Германците
ДРУГАРСКА САМОКРИТИКА
Животот на вонбрачно родено дете не вреди колку бизнисот на градежен силеџија
ЛЕПЧЕ ЗА СИТЕ
Дали дивоградбата кај „Мавровка“ ќе се уриваше ако ДУИ не влезеше во власта? Па и за тоа ќе се заканеа со војна.
ЅВОНКО СПАСИЧ
Има една константа во програмите на владите во посткомунистичка Македонија. Тоа е најавата за изградба на автопат Велес – Прилеп - Битола
ПРВ – ЦРВ
Нешто многу незадоволни фамилии во ДУИ се појавија, а тендерите уште не дошле на ред за поделба.
ПЕШАДИЈА И КОЊАНИЦА
Што е Талат да вика: „Јас кога ќе одлучам, тогаш!“ Така и Трајко Вељаноски се занесуваше четири месеци
МАСОНОТ ОД МАВРОВКА
Од сето брзање за итни избори и антикризни мерки излезе дека најитно морало само да се дигне цената на струјата.
УНИВЕРЗАЛНА НЕДОВЕРБА
Гласното негодување и одбраната на една дотраена голема барака што и не е некое уникатно архитектонско достигнување без кое Скопје би го изгубило препознатливииот лик е само крик на јавноста против ароганцијата на власта.
Page 3 of 18