БУУУУУ-ГАРИЈА
Да се знае дека за нашиот успех на Бугарија ништо не ѝ должиме. Оти во моментот кога имале шанса, не само што не помогнале, туку направиле сѐ да не успееме.
90. МИНУТА
Истече рокот на ултиматумот кој ни го даде Бугарија да станеме Бугари. Како сакаат да ги сакаме кога на две генерации Македонци им ја уништуваат иднината?
ЕВРОПО ДОВИЖДАНЕ
Нека извинат тие што не се чувствуваат Бугари. Тие не заслужуваат да влезат во ЕУ.
ФАШИСТИЧКА АДМИНИСТРАЦИЈА
Ќе биде срамно од ЕУ ако ѝ дозволи на Бугарија во име на историјата од која се срами, да ја уништува иднината на Македонија. Ќе биде срамно, затоа што ова што Бугарија ѝ го прави на Македонија е навреда за антифашистичката борба во цел свет
СТАНИ ГОЦЕ
Не знам што гледа Заев „братски и пријателски“ во потезите на Бугарија и каде препознава заеднички европски вредности. А не знам ни каде Европа препознава европски вредности во ова однесување на нејзина земја-членка.
МИЛЕ КОНТРА
Лебот што го носат дома им е производ на злоба. Децата си ги хранат со пари од злоба направени.
НАШ ЛИ Е?
Додека тука полемизираме со Филипче што ќе правиме со посните слави и мрсните гости, во Брисел забележале дека уште не врти бројчаникот на Заев
СПЕЦИЈАЛНО ПРЕВОСПИТУВАЊЕ
Какво ли е тоа превоспитување што Бугарија сака да го примени врз Македонија кое ќе биде поефикасно од превоспитувањето што го правеше со изим на Хитлер, а што сега ќе го прави со изим на Европската унија?
БУГАРСКА ИДИЛА
Не сфаќам зошто Бугарите имаат потреба сега, откако се мачевме 30 години со Грците, да ни бидат поголеми душмани. Освен, ако не сакаат да одржат континуитет од Втората светска војна. Кога Бугарите ни беа поголеми душмани од Германците
ДРУГАРСКА САМОКРИТИКА
Животот на вонбрачно родено дете не вреди колку бизнисот на градежен силеџија
ЛЕПЧЕ ЗА СИТЕ
Дали дивоградбата кај „Мавровка“ ќе се уриваше ако ДУИ не влезеше во власта? Па и за тоа ќе се заканеа со војна.
ЅВОНКО СПАСИЧ
Има една константа во програмите на владите во посткомунистичка Македонија. Тоа е најавата за изградба на автопат Велес – Прилеп - Битола
ПРВ – ЦРВ
Нешто многу незадоволни фамилии во ДУИ се појавија, а тендерите уште не дошле на ред за поделба.
ПЕШАДИЈА И КОЊАНИЦА
Што е Талат да вика: „Јас кога ќе одлучам, тогаш!“ Така и Трајко Вељаноски се занесуваше четири месеци
МАСОНОТ ОД МАВРОВКА
Од сето брзање за итни избори и антикризни мерки излезе дека најитно морало само да се дигне цената на струјата.
УНИВЕРЗАЛНА НЕДОВЕРБА
Гласното негодување и одбраната на една дотраена голема барака што и не е некое уникатно архитектонско достигнување без кое Скопје би го изгубило препознатливииот лик е само крик на јавноста против ароганцијата на власта.
ПАЃА ВЛАДА
Метлата на Заев остана нова, нечепната, а неговите од СДСМ уште и би метеле во туѓиот двор
ГАДОСТ ЗА РАДОСТ
Разочарувањето е дотолку поголемо дека Зоран Заев имаше храброст да направи историски подвиг да ја внесе земјава во НАТО и да ја осигура безбедноста на државата, ама не смогна сили веднаш да ги смени партиските луѓе кога ќе се покажат неспособни или корумпирани.
ИЗБЕРИ КНИШКА
Навистина, колку треба да си неутрален да те убедат дека не вреди да излезеш да гласаш со спот кој ти вика дека за среќа во твојата земја ти е доволна партиска книшка?
НЕДЕЛА ИЛИ СРЕДА
Изборната стратегија на Али Ахмети е: Да ги плашиме Македонците со ВМРО. Ама да не се сетат Албанците.
СЕРТИФИКАТОР ЗА КООРДИНАТОР
Направи сомнеж и пушти го бесот на најјако. Хистерија по медиумите, отров по социјалните мрежи... Ни телевизиите веќе не успеваат да глумат „балансираност“ за да им го заборавиме времето од „куртон вестите“.
БАШ МЕ БРИГА
Оливер Спасовски не е во право кога вика дека нема посилен од државата. Има. Посилни се поповите, оџите и - кафеанџиите.
СКАРИ И ГИТАРИ
По 5 проценти од секоја казна нека оди во фонд за награди на полицајците. Така, парите за наградите што ги бара Чулев ќе ги обезбедат само несовесните. Доста веќе плаќаа само совесните.
НОВА НЕНОРМАЛНОСТ
Македонија е единствената земја во светот во која заштитата на јавното здравје во време на пандемија е неуставна.
СТРУШКА ОЛИМПИЈАДА
Законот важи само за тие што сакаат да го почитуваат. И соодветно на тоа, само за нив има и казни.
ЗБОРЕНО Е СО АТИЏЕ
Нашиве судии, правници, учени луѓе, цветот на интелигенцијата во секоја држава, го покренаа Уставниот суд само за да докажат дека не треба да бидат солидарни.
ОТЕЦ ОЛИВЕР
Ново прашање во епидемиолошката анкета: Дали сте биле во црква на причест или во џамија?
БАЖДАРЕЊЕ ТЕРМОМЕТРИ
Со вакви верски лидери, верниците најдобро да почнат да комуницираат со господ без посредници. Оти кога посредниците викаат: батали здравје, дај пари, сигурно и Господ си вика: Бог да чува.
БРОНЗЕНИ РЕСПИРАТОРИ
Да донираме за здравството. Оти Владата ќе ги потроши парите за плати на администрацијата што седи дома
ДОБРО УТРО
Белким и битката против коронавирусот ќе биде полесна кога знаеме дека не сме сами.
ВЕНКОЈАВЛЕНИЕ
Ај нека се собере уште еднаш Сенатот на Шпанија, да ги одложи изборите во Македонија.
ЗАЛОЖНИЦИ НА МИМОЗИТЕ
Баш поради тоа 11 -годишно понижување на сѐ што е стручно и оној презир од типот „којзнае што ве учеле на тие комуњарските факултети“ , сега се чудиме дека некој доктор кој во моментов е министер, се меша во својата работа од областа на здравството.
НЕКА ИЗВИНИ ПИАРОТ
„Вистинската вистина“ е дека на Мицкоски не му одговара позитивен извештај од ЕУ за Македонија.
АХТУНГ, АНГЕЛА
Како тргнале, може и Државната лотарија да ги влече среќните добитници на пасоши во директен пренос на јавниот сервис.
ИЗВОЗ НА КРИМИНАЛЦИ
Се развеа знамето на НАТО. Држава имаме. И пак се поставува прашањето: А што да правиме со државата?
ДРИСЛА МЕТОДОЛОГИЈА
Најголемиот пораз на СДСМ, ама и на сите надежи за држава на патот кон ЕУ е што ВМРО-ДПМНЕ на Груевски уште е силен фактор.
ПРАВДА ОД МАРС
Македонска реалност е надреална. Напредокот на државата кон ЕУ зависи од обвинети, осомничени и амнестирани.
2 МИЛИОНИ МИЛИМЕТРИ
Во следниот документарец кој „ќе ја претставува Македонија во вистинско светло“, главниот лик ќе биде мајка што се бори за правото на своето дете во изводот од матичната книга наместо село Злокуќани да пишува Скопје
НОРМАЛНА ЛАГА
И така, лагите стануваат вест на денот. Лажењето не е срамно, туку станува нормално.
РЕЖИМ НА ПОЛКОВНИЦИТЕ
Редно е и ситните криминалци да имаат стручно тело што ќе ги спасува од затвор. Оти крупните веќе си имаат.
ОСУМТЕ ТАСТЕРИ
Кога ќе победам со 80 пратеници ќе ја извадам Македонија од НАТО. И никогаш нема да станеме членка на Европската унија
ПРАВДА ЗА КАТРИНА
Дајте уште некој виц за владеење на правото. И на кој канал на Јутјуб може да го чуеме.
ЈАЈЦЕ И ЛОНДОН
Власта се менува. Ама за вакви историски пресврти како што е приемот во НАТО останува да се памети кој бил „за“ и кој бил „против“.
ДРЖ’ ГО КРАДЕЦОТ
Значи, сѐ било џабе. Џабе сме протестирале, џабе се формирало СЈО, џабе се потрошиле парите, џабе Никола Груевски избега во Унгарија. Само Уставниот суд не работи џабе. Работи за Груевски и за педесетчлената банда.
ИСТРЕСЕНИ ГАЌИ
Да се мајтапиш со Мицкоски, а да се плашиш дека ќе победи на избори, тоа зборува за сериозен дефект во менталниот склоп на владејачката партија
ЦРЕШИ И СУДИИ
Можеш да направиш и 100 добри работи, смисли три - четири глупости и ете ти – сите се исти.
НАТО ВО ПЛАМЕН
Во која држава, членка на НАТО запира битката против корупцијата затоа што ќе има избори?
СЕДУМ СОВЕТНИЦИ
Бегството на осудениот убиец на Мартин Нешковски, е симболично затворање на кругот што почна со бегството на Никола Груевски. „Нема правда нема мир“ сега веќе и дефинитивно е празна фраза
ЛАСЕРСКА КОРЕКЦИЈА
За малку да загинеш од тој режим, а да го реставрираш, значи дека Заев не го болела доволно лузната на лицето.
ЈОВО И ДОБРИЛА
Не можат странците толку пари да потрошат за нашите реформи, колку што судството и јавната администрација можат да дадат отпор за реформирање.
25 ПОЕНИ
Дај да дискутираме за нешто конкретно. На пример, за пари. На инспектор Османи да му дадеме задача да провери како се полни буџетот во двојазична Македонија.
ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ
Ќе се пеат песни за клетите Американци, Германци, Холанѓани, Британци, кои тргнале во решителна офанзива да го скршат херојскиот отпор на македонските граѓани и нивните водачи, и конечно да им ја стабилизираат државата.
3 Х СЈО
Ова е единствена држава во која пратеници преговараат за закон кој ќе го легализира криминалот на претходната власт
ЈА ЧУ ДОЧИ
Во овие 30 години македонска транзиција забележуваме голем напредок во владеењето на правото. Од првичното „Македонија да се сторит орајт“ од 90-те години на минатиот век, до ововековното „Сѐ ќе биде океј“.
ТВИТЕР ВЕЛИ
Организирано ширење лажни вести не се победува со поддршка или скриено создавање рекетарски медиуми.
ЛЕПЧЕ И ПУТЕРЧЕ
Др’ж се Миле. Иде Дунав. Уште работи му текнуваат на оној твојот од Будимпешта.
МРЧЕЊЕ ПОД ВИНОЖИТО
Најопасни се оние што што викаат „Мене никој не ми пречи, ама...“. Оти баш во тоа „ама“, лежи тој страв од различности. И баш тоа „ама“ ја храни омразата.
ДАТУМ ЗА СЛАМКА
Значи, двајца само прават истражување, а цел сектор од четириестина луѓе ги пишува говорите на премиерот. Па мислам, стварно....
ПАВЛЕ И ТАМАРА
Мислев дека е метла за чистење. А тоа било метла само за собирање ѓубре на едно место.
НОБЕЛ ЗА ГЛУПОСТ
Тие што речиси две години маршираа по улиците, бараа добро владеење, а не добро вдомување на партиските кадри
ГРУЕВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Темата на овие избори не е дали ќе избереме претседател или не. Темата на овие избори е дали ќе го вратиме Груевски на власт или не.
ШТРАЈК СО ГЛАД
По овие избори, ова ВМРО на бегалецот Груевски треба да биде минато. А не допрва да зема залет.
ГРАЃАНСКИ СТРАЖИ
Се изгласа уште едно министерство. А државата што очекува датум за преговори со ЕУ не може да се справи со палење контејнери, кршење клупи и паркирање на главниот плоштад во главниот град
ВИЕНА-БУДИМПЕШТА
Или Мицкоски на знае што се Нирнбершки процеси и кому и за што му се судело, или и тој и партијата сметаат дека на националсоцијалистите на Хитлер за злосторствата во Втората светска војна им било судено во политички монтиран процес.
ДУПЛО ГЛУПИРАЊЕ
Ние името го сменивме за да влеземе во НАТО. А НАТО пак виси оти никој од ДУИ не смее да оди в затвор
ПРИВИЛЕГИРАНО ЧУДОВИШТЕ
Власт што ги поттикнува своите граѓани единствена амбиција во животот да им биде државна плата не може да се нарече реформска.
СВЕТИ ДУИ
Кругот се затвори. Името го сменивме. Принципот за неказнување криминал не го сменивме.
ЕЈУП ГОНСАЛЕС
И сега, како човек да не е гневен кога ќе му текне како и за што ни поминаа 27 години од животот?
МАРГИНАЛЦИ И КРИМИНАЛЦИ
На крајот само ќе остане запишано дека во клучен момент тие го гледале есапот на избеганиот почесен претседател. Не на Македонија.
ЕПТЕН ПОМИРЕНИ
Премиерот Зоран Заев на почетокот на процесот на помирувањето рече: „Да најдеме начин да се помириме, ама да не ја урнисаме правната држава“. Е па го најдоа начинот. И многу ќе згрешат ако не го патентираат.
Page 4 of 18