55 ЧИЗМИ

1 Што правите?  Еве чекаме.  Што чекате? Чекаме да дојде рокот да видиме дали мандатарот ќе може да состави влада. И што ако не состави? Ќе чекаме нов рок. А ако состави? Ќе чекаме да поминат 100-те дена. Цело време ние си чекаме. Не е само 29 јануари судбински датум...

СУБВЕНЦИЈА ЗА КАТИЦА

   1 Што убаво име му дало Специјалното обвинителство на неговата прва акција. Титаник.  Настанот буди морничави слики, ама изборот на името е хуморен. Нема спас. Бродот само што удри во санта мраз, водата почна да навлегува, патниците се во паника, а капетаните...